Минатата година, Apple ја објави Self Service Repair програмата, која им овозможува на корисниците пристап до оригинални делови за поправка на iPhone уредите, а програмата сега е лансирана во САД.
Сопствениците на iPhone можат да изберат и да нарачаат делови од Apple Self Service продавницата за поправки, а можат да ги испратат и своите стари делови кои ќе бидат вклучени во цената. Постои и опција за изнајмување алаки за 39 долари неделно, така што корисниците не мора да купуваат специјална опрема за да го сервисираат својот смартфон.
Self Service Repair продавницата нуди дисплеи, батерии, звучници, модули за камера, SIM слотови и Taptic мотори, како и голем број резервни делови. Програмата вклучува телефони од iPhone 12 и iPhone 13 сериите, како и iPhone SE 2022.
Apple напоменува дека Self Service Repair програмата е наменета за поединци кои имаат искуство и ја познаваат комплексноста на поправката на електронски уреди. Компанијата истакнува и дека поправката на iPhone со делови од Self Service Repair програмата нема да ја поништи гаранцијата, иако нема да биде покриено хардверското оштетување кое ќе настане во текот на процесот на поправка.
Apple истакна и дека Self Repair програмата во одреден момент ќе биде проширена на Mac компјутерите, како и на дополнителни региони како Европа, која програмата ќе ја добие подоцна оваа година.