Запознајте го Motorola Edge 30. Смартфонот доаѓа на избраните пазари во Европа, Азија, Австралија, Индија, Латинска Америка и на Блискиот Исток.
Стандардниот модел има 6,5-инчен FHD+ AMOLED екран, нешто помал од 6,7” FHD+ екран на Pro уредот. Сепак, и натаму се работи за 10-битен панел со HDR10+ и стапка на освежување од 144 Hz, а се добиваат и стерео звучници со Dolby Atmos.
Edge 30 го покренува Snapdragon 778G+ чип, оверклокувана верзија на популарниот 778G – 0,1 GHz засилување на првото јадро базирано на Cortex-A78 и 20% забрзување за Adreno 642L графичкиот процесор. Спарен е со 8 GB RAM и 128 GB или 256 GB простор за складирање (без проширување).
Оперативниот систем е Android 12 во облик што е поблиску до Pixel искуството, плус некои Moto модификации (неколку додатоци вметнати во апликацијата Moto). Телефонот е опремен и со десктоп опкружувањето на Motorola, Ready For.
Префрлувајќи се на камерите, телефонот има главен модул од 50 MP, кој може да се пофали со All-Pixel автоматски и OIS. До него е камерата со ултра широк агол од 50 MP (118°), која служи и како макро камера. И главната и ултра-широката камера можат да снимаат 4K видео со 30 fps и 1080p со брзина до 60 fps.
Меѓутоа, нема телефото леќа како на Edge 20. Наместо тоа, последната камера на задната страна е сензор со длабочина од 2 MP. Продолжувајќи од предната страна, тука е селфи камерата од 32 MP (со достапно спојување на пикселите).
Edge 30 е помал од Pro, така што ни батеријата не е толку голема – капацитетот од 4.020 mAh и натаму би требало да трае ден и половина, а во кутијата се добива и TurboPower полнач од 33W.
Смартфонот има слот за две SIM картички и 5G конекција (sub-6 GHz). Motorola го рекламира како најтенок 5G телефон – со 6,79 мм. Постои и основната отпорност на прашина и прскање со IP52 оценка.
Од конекциите, тука се Wi-Fi 6E, Bluetooth 5.2 и NFC. USB-C кабелот е означен само за 2.0 брзини, така што функцијата Ready For ќе мора да се користи безжично (Miracast за теелвизори, Wi-Fi за компјутери). Исто така, не постои 3,5 мм приклучок за слушалки.