Компанијата POCO е моментно во центарот на технолошката индустрија. Покрај флегшип смартфонот F4 GT, POCO ги објави и својот прв паметен часовник POCO Watch и безжичните слушалки Buds Pro Genshin Impact Edition.
POCO Watch
POCO Watch има „коцкаст“ 1,6-инчен AMOLED екран на допир со резолуција од 360 x 320 пиксели. Часовникот е направен од лесна пластика, тежи само 31 грам и може да се пофали со стандардните здравствени функции – следење на отчукувањата на срцето, 100 начини за вежбање, следење на сонот и мерење на кислород во крвта.
Покрај тоа, POCO Watch има вграден GPS, а наводно може да препознае кога корисникот врши различни активности, од трчање на лента за трчање до одење во шума. Компанијата тврди дека батеријата, која вообичаено се полни со магнетен полнач, може да издржи до 14 дена користење.
POCO Watch ќе биде достапен за купување по цена од 79 евра.
POCO Buds Pro Genshin Impact Edition
Како што сугерира самото име, POCO Buds Pro Genshin Impact слушалките се создадени во партнерство помеѓу компанијата и популарната видео игра. Слушалките, како и нивната кутија, доаѓаат во соодветна црвена боја со златни детали и мотив на детелина со четири листови.
Како еден од првите производи на POCO AIoT, Buds Pro Genshin Impact користи вештачка интелигенција за автоматско прилагодување на поставките за поништување на шумот врз основа на нивоата на амбиентална бучава и дневните рутини. Со други зборови, овие слушалки автоматски го избираат најсоодветниот ANC режим за корисникот.
Според POCO, секој звук што го испорачуваат овие слушалки е рафиниран и усовршен од аудио професионалци. Се истакнува и композитниот динамичен драјвер од 9 mm, кој им гарантира на корисниците пристап до обработка на звук на професионално и автентично ниво. Се разбира, тука е и функцијата за детекција на слушалките во уво, па штом корисникот ќе ја извади, музиката автоматски се паузира.
Кутијата за полнење има автономија до 28 часа, а слушалките може да се полнат во рок од 10 минути. Полнењето се одвива со помош на USB-C кабел или безжично, во зависност од желбите и потребите на корисникот. Конечно, треба да се напомене дека слушалките поседуваат IPX4 сертификат, па дождот, потта и прскањето нема да претставуваат проблем.
POCO Buds Pro Genshin Impact Edition ќе може да се купат по цена од 69 евра.