Фотографиите се направени на височина од десет метри и можат да им помогнат на инженерите на NASA да ги планираат идните мисии на Црвената планета.
Последната мисија на Марс со која роверот Perseverance слета на Црвената планета е според многу нешта посебна. Една од нив е дека со оваа мисија, на Марс слета и хеликоптерот Ingenuity, кој кој лета над површината повеќе од една година, фотографирајќи ја планетата и испраќајќи фотографии на Земјата.
Последните снимки кои се стари околу десет дена, а беа објавени само оваа недела, особено го одземаат здивот и изгледа неверојатно што се направени на Марс. Фотографиите направени со хеликоптерот ги покажуваат остатоците од леталото со кое Perseverance и Ingenuity слетаа на Марс, а може да се види дури и падобран кој помогнал да слета што побезбедно, а падобранот изгледа е во одлична состојба. Ова е одлична вест за научниците кои работат на технологијата за слетување бидејќи процесот на слетување е исклучително комплициран и тежок, а леталото е изложено на високи температури при влегувањето во атмосферата, а неговата брзина е дури 20 илјади км/ч.
Фотографиите се направени на височина од десет метри и можат да им помогнат на инженерите на NASA да ги планираат идните мисии на Црвената планета. Моментално најважната таква мисија, во која учествува и Perseverance, е собирање примероци почва од Марс кои во иднина треба да бидат подигнати од нов ровер и вратени на Земјата. Секако, такво нешто не е лесно и ќе потрае многу време.
Од NASA велат дека со секој нов лет нивниот хеликоптер покрива до сега неоткриен дел од планетата и дава нова перспектива на површината на Марс која досега не можеше да се добие. Секако, Ingenuity ќе продолжи со понатамошни летови и се надеваме на нови спектакуларни фотографии од Црвената планета.