Иако PC трката веќе неколку години е во полн ек, се чини дека почетокот на оваа година не е најповолен за пазарот на персонални компјутери. Според истражувањето спроведено од Counterpoint Technology Market Research, глобалниот компјутерски пазар забележа пад на продажбата и побарувачката во текот на првиот квартал оваа година.
Според информациите кои се наоѓаат во ова истражување, продажбата на десктоп и лаптоп компјутерите е намалена за околу 4,3% во однос на истиот период минатата година. Еден од проблемите е секако сè уште високата цена на одредени компјутерски компоненти, додека другиот проблем е исто така добро познат, а тоа е несигурниот синџир на снабдување во оваа индустрија.
„Нашето истражување сугерира дека пазарот на персонални компјутери во текот на првиот квартал од 2022 година бил прилично конзервативен, најмногу поради моментната глобална инфлација и регионалните конфликти. Покрај тоа, затворањата поради Ковид-19 во Кина дополнително ги влошија проблемите со синџирот на снабдување, што доведе до дополнителни корекции во испораките во текот на април“, се вели во соопштението на Counterpoint Technology Market Research.
Што се однесува до самите производители на десктоп и лаптоп компјутеро, Lenovo е на прво место со пазарен удел од 23,1 проценри, така што компанијата продаде околу 18,2 милиони компјутери во првиот квартал од оваа година.
Веднаш зад него е HP, кој има пазарен удел од 20,2%, како и 15,9 милиони продадени компјутери во првите три месеци оваа година. На трето место е и Dell со 13,8 милиони продадени компјутери во истиот период, додека Apple е на трето место со 7,1 милиони продадени десктоп и лаптоп компјутери. На крајот, сите други производители заедно продадоа 23,8 милиони персонални компјутери во текот на првиот квартал оваа година.
Иако е забележан пад од речиси 5 проценти, има и добра вест, а тоа е дека Counterpoint Technology Market Research предвидува дека ситуацијата со недостиг на компоненти ќе се подобри во текот на втората половина на 2022 година, но дека продажбата на компјутери најверојатно ќе остане малку под предвидувањата за оваа година.