Samsung ја објави својата заработка во првиот квартал од 2022 година, која во најмала рака беше импресивна. Компанијата оствари рекорден приход од 61,19 милијарди долари и профит од 11,10 милијарди долари.
Се подразбира дека актуелните флексибилни смартфони на Samsung ќе добијат наследници подоцна оваа година. Извршниот директор на компанијата потврди денеска дека компанијата е зафатена со развивање на своите следни телефони на преклоп. После оваа изјава се поставува прашањето кога ќе пристигнат споменатите уреди?
Во текот на известувањето за заработката во првиот квартал годинава, потпретседателот на Samsung за мобилниот бизнис, Ким Сунг-џу ги најави претстојните преклопни уреди „Во моментов сите сме зафатени со подготовка на нови флексибилни телефони, чија презентација е планирана за втората половина од годинава“, рече тој.
Компанијата истакна и дека се стреми да ги направи смартфоните на преклоп (заедно со Galaxy S серијата) главен столб на својот бизнис. Ова покажува колку е сериозен Samsung во врска со флексибилните паметните телефони и како во нив гледа можност да го развие својот бизнис.
Ниту еден друг производител на смартфони не е толку сериозен за овие уреди како Samsung. Тоа може да се види и од резултатите, направени се значителни подобрувања кај Galaxy Z Fold 3 и Galaxy Z Flip 3, а новите модели исто така се очекува да бидат подобри за класа.
Дали Samsung ќе ја прошири линијата останува да видиме. Имаше гласини за подостапен Galaxy Z Fold Lite модел. Сепак, овие гласини исчезнаа многу брзо. Додавањето повеќе модели во понудата може да му помогне на Samsung да ја постигне својата крајна цел со овие уреди, но што ќе биде, останува да видиме.