WhatsApp континуирано им овозможува на своите корисници нови функции, а наскоро ќе можат и да ја користат истата сметка на повеќе уреди.
Кога точно ќе биде достапна новата функција сѐ уште не е познато, но дефинитивно пристигнува. Корисниците наскоро ќе можат да ја користат својата сметка на повеќе уреди. На интернет се појави скриншот од страницата „register device companion“, која ќе им овозможи на корисниците на Android уредите да ја поврзат својата сметка на WhatsApp со секундарен или друг паметен телефон. Истата опција ќе ја имаат и корисниците на таблет уреди со оперативниот систем на Google, а сѐ уште не е познато дали ќе биде проширена и на iOS уредите.
Новата страница „register device companion“ ќе им се појави на корисниците кои ќе се обидат да го стартуваат WhatsApp на друг уред. Корисникот ќе може да го скенира QR-кодот со својот „главен“ смартфон за да користи друг уред како придружен.
WhatsApp моментно не поддржува повеќекратни симултани најави, а моментната функција за поврзан уред на WhatsApp им овозможува на корисниците да поврзат компјутер како секундарен уред. Оваа функција беше воведена во ноември 2021 година и им е достапна за корисниците на Android и iOS.
WhatsApp има во план да додаде и нови емотикони како брзи реакции на статусите на десктоп верзијата. Емотиконите вклучуваат насмеано лице со срца наместо очи, лице со солзи радосници, лице со отворена уста, раце во аплауз, скрстени раце, 100 поени, расплакано лице и други.
Извор: Klix.ba