Иако звучни премногу добро за да биде вистинито, проѕирните соларни панели во иднина би можеле да го заменат стандардното стакло, односно прозорците.
Доколку се користат наместо стандардно прозорско стакло, соларните панели би ги направиле домаќинствата производители на енергија, додека денес се потрошувачи. Оваа технологија има потенцијал да не воведе во нова ера на соларната енергија и да донесе револуција која ќе ги зачува земјиштето и природните живеалишта.
Во време кога светот се свртува кон иднината со ниска емисија на јаглерод за да се бори против ефектите од климатските промени, сончевата енергија треба да биде еден од нејзините најмоќни сојузници. Но, се поставува прашањето колку е одржлива технологијата на проѕирни соларни панели и дали навистина би можеле да генерираме електрична енергија користејќи прозорци во домовите, канцелариите, покривите на соларните автомобили или дури и паметните телефони.
Транспарентните соларни панели се врвна технологија која ја собира и користи енергијата на светлина што минува низ прозорците и која било друга стаклена површина, без оглед на аголот. Оваа технологија има потенцијал да донесе големи промени кога станува збор за проширување на обемот на соларната енергија.
Научниците досега создадоа неколку видови на транспарентна соларна технологија, а повеќето функционираат повеќе како транспарентен соларен концентратор, што значи дека се подготвени да апсорбираат одредени UV и инфрацрвени бранови должини кои не се видливи со голо око и да ги трансформираат во енергија што може да се искористи за напојување на електрониката.
Оваа технологија се нарекува и позадинско стакло и е развиена да обезбеди широко ниво на транспарентност. Во 2014 година, научниците од Државниот универзитет во Мичиген го развија првиот проѕирен соларен концентратор, кој може да претвори речиси секоја стаклена површина или прозорец во фотоволтаична ќелија.
До 2020 година, научниците во САД и Европа успеаја да развијат 100% транспарентност на сончевото стакло, со што ќе ги доближат чекор поблиску до целта, а тоа е одржлива иднина која не се потпира на фосилни горива.
Транспарентните соларни панели се многу важни бидејќи во современото општество стаклото е практично присутно насекаде, од екраните на мобилните телефони до облакодерите. Се проценува дека има помеѓу 5 и 7 милијарди квадратни метри стакло во САД. Доколку овие површини би се искористиле за производство на електрична енергија, производството би било огромно.