Кога ќе го допрете екранот на смартфонот тој веднаш реагира, или барем така мислите, бидејќи според денешните стандарди, доцнењето на екраните на допир на повеќето телефони изнесува околу 80 ms. Ова задоцнување е речиси незабележливо кога ќе го допрете екранот, но станува поочигледно кога ќе поминете со прстот преку него, како кога се обидувате да цртате.
Иако уредите како iPad Pro во комбинација со Apple Pencil реагираат исклучително брзо, сепак не се 100% без доцнење, но истражувачите мислат дека би можеле да го доближат до нулта задоцнување со креирање на уникатен заштитен слој за екранот, кој содржи исклучително мали испакнатини.
Оваа заштита за екранот ја креирааа истражувачите од групата Future Interfaces на Универзитетот Карнеги Мелон. Овие испакнатини се високи само 5 микрони, што значи дека се практично невидливи за човечкото око. Идејата зад овие испакнатини е дека додека вашиот прст (или пенкало) се движи над него, создава многу суптилни акустични вибрации кои може да ги фати микрофонот на телефонот.
Врз основа на вибрациите и во комбинација со софтверот, телефонот потоа се обидува да одреди и предвиди каде се посместува врвот на прстот или пенкалото и корисничкиот интерфејс ќе се ажурира соодветно на тоа. Врз основа на нивните тестови, употребата на на овој заштитен слој на екранот всушност го намали доцнењето на 28 ms и 16 ms во забележаното доцнење.
Иако не е можно да се предвиди дали оваа заштита на екранот навистина ќе биде комерцијализиран или не, ова може да биде концепт, што производителите на паметни телефони би можеле да го применат на нивните идни екрани.