Huawei ја претстави и фитнес нараквицата Huawei Band 7 која за само 40 долари нуди има батерија за 14 дена користење, како и AMOLED екран од 1,47 инчи.
Стандардната верзија на најновиот паметен часовник на Huawei, GT3 е во продажба од минатата година, а сега се појави ажурирана верзија во форма на Huawei GT3 Pro, кој донесува поинаков дизајн и нови функционалности. Покрај тоа, компанијата ја претстави својата нова фитнес нараквица наречена Huawei Band 7.
Watch GT3 Pro е понов, побрз и подобар паметен часовник на Huawei. Се појави во две големини и две различни верзии. Поголемиот, со дијаметар на екранот од 46 мм е изработен од титаниум, додека помалиот, со дијаметар на екранот од 43 мм е изработен од керамика.
Овие модели имаат AMOLED екрани од 1,43” и 1,32”. Што се однесува до поголемиот модел, Huawei ветува траење на батеријата од 14 дена стандардна употреба и 8 дена почесто користење, додека помалиот модел ветува траење на батеријата од 7 или 4 дена доколку се користи почесто. Што се однесува до брзината на полнење, таа е зголемена за 30% и 10 минути на полнач треба да обезбеди целодневна употреба.
Многу е интересен и фактот што Huawei Watch GT3 Pro е сертифициран како водоотпорен на длабочина до 30 метри, а доаѓа со напредни функции кои го олеснуваат тренингот во вода или нуркањето. Покрај тоа, паметниот часовник може да се користи и за играње голф, бидејќи содржи мапи за над 300 терени за голф. Покрај тоа, постојат специјализирани модови за над 100 спортови, од кои 18 се за професионалци.
Часовникот има и вграден електрокардиограм (EKG), кој овозможува подобар увид во работата на срцевиот мускул од стандардниот сензор за следење на пулсот. Има и сензор кој овозможува следење на нивото на кислород во крвта, како и функционалности за следење на квалитетот на сонот и нивото на стрес.
Се разбира, овој паметен часовник се напојува со HarmonyOS на Huawei и овозможува користење на NFC технологијата за најчестите облици на плаќање на овој начин. Покрај тоа, HarmonyOS ви овозможува да го користите часовникот како клуч за автомобил, иако само со компатибилни модели.
Цените за овој уред се 380 долари за керамичката верзија со помал дијаметар, како и 455 долари за титаниумската верзија за поголемиот екран. Конечно, тука е и познатата верзија на Porsche Design која чини 710 долари.
Што се однесува до фитнес нараквицата Huawei Band 7, се работи за доста поевтина опција, која навистина им нуди многу на корисниците кои не се подготвени да платат премногу. Со цена од само 40 долари, има батерија која овозможува околу 14 дена стандардна употреба, како и AMOLED екран од 1,47 инчи.
Оваа фитнес нараквица носи функции за следење на срцето, сензор за мерење на нивото на кислород во крвта што може да биде активен преку ноќ за да помогне во откривањето на раните знаци на апнеја при спиење. Покрај тоа, овој часовник поддржува водоотпорност од 5 ATM, како и 96 различни спортски режими. Сето тоа звучи многу добро и подготвено за мегдан со популарната фитнес нараквица Mi Band.