Наместо да се користат класични механизми за споделување фотографии, без разлика дали станува збор за директна размена или преку соодветни апликации, Widgetshare овозможува фотографиите да се испраќаат меѓусебно и да се прикажуваат преку специјално дизајнирани виџети за тоа.
Widgetshare е потенцијално интересна апликација која сака да го промени начинот на кој ги споделуваме фотографиите со пријателите и семејството. Имено, секој ќе може да генерира прилагоден виџет што ќе може да го постави на почетниот екран на својот паметен телефон, а потоа на тој виџет во секое време да испрати фотографија.
Целата работа е прилично лесна за користење, а се започнува со креирање нов виџет во апликацијата, при што ќе добие се уникатен ID. Потоа мора да се испрати до пријателите или членовите на семејството, кои самите преку Widgetshare ќе креираат виџет со добиениот ID.
Останува уште да се додаде на почетниот екран и размената на фотографии може да почне. Клучната предност на Widgetshare е фактот што работи уредно и на Android и на iPhone, но и дека е навистина лесен за користење. Иако засега нема многу дополнителни можности, сепак уште сега нуди некои практични работи, а според најавите на авторот, во иднина би требало да има повеќе.
Можно е да се гледа историјата на примените фотографии заедно со опцијата за преземање на оние што сакате да ги задржите, сликите може да се испраќаат од галеријата или директно од камерата (има некои основни алатки за украсување на фотографиитре), а нема ни ограничување на бројот на луѓе со кои може да ги сподели креираниот виџет. За работата да бидат уште подобра, апликацијата е целосно бесплатна и може да се преземе на Google Play за Android и App Store за iOS.