Функционалноста наречена Microsoft Edge Secure Network ќе овозможи сурфање со целоснa енкрипција на сообраќајот, можност за користење виртуелна IP адреса, но со ограничување на количината на пренесените податоци.
Веб-прелистувачот кој доаѓа како стандарден во Windows, а кој го замени Internet Explorer – Microsoft Edge, ќе добие нова интересна функционалност. Според страниците за корисничка поддршка за овој прелистувач, моментно се тестира опцијата Microsoft Edge Secure Network, која всушност е вградена виртуелна приватна мрежа (VPN) и ќе биде овозможена во соработка со Cloudflare.
Бесплатно, но ограничено
Како и секоја друга VPN услуга, вграденото решение на Edge ќе го шифрира интернет сообраќајот од корисниците до серверите, чија цел е да спречи следење на корисниците, прислушување на нивните комуникации и на крајот и заштита од различни видови хакерски напади. VPN на Edge ќе им овозможи и на корисниците да изберат виртуелна IP адреса, т.е. да ја променат својата локација за најавува на серверите. Ова ќе им овозможи да се „скријат“ од таргетираното рекламирање на интернет, но и да пристапат до одредени геолокациски ограничени услуги.
Microsoft Edge Secure Network ќе биде VPN услуга вградена директно во прелистувачот, бесплатна за користење, но со одредени ограничувања. За да го активирате, ќе треба да се најавите на Edge со сметка на Microsoft, а корисниците ќе можат да генерираат само 1 гигабајт сообраќај месечно преку овој VPN. Откако ќе се потроши овој гигабајт – тоа е тоа, нема најава дека може да се докупи дополнителен сообраќај.
Microsoft и Cloudflare наведуваат дека ќе ги бришат дијагностичките податоци за корисниците и нивното користење на оваа услуга на секои 25 часа. Кога VPN ќе биде достапен за „инсајдерите“, а кога за сите други корисници, засега не е објавено.