Според извештајот на Counterpoint Research, телефоните од Galaxy A серијата на Samsung јасно го зајакнале својот пазар на паметни телефони во последните месеци, при што опсегот на буџетот сочинувал 58 отсто од продажбата на смартфони во 2021 година. Во февруари, компанијата го предводеше и сегментот на Android 5G телефони според истражувачката група.
Флегшип уредите на Samsung сочинувале над 24% од глобалното купување на Android смартфоните со 5G во февруари, според најновиот извештај на Handset Model Sales Tracker на Counterpoint, а истражувачката компанија наведе пет модели на својата листа на најдобри 5G уреди со Android.
Малку изненадувачки, Galaxy A52s 5G ги надмина најдобрите 5G телефони и стана најпродаваниот Android уред со 5G во светот. Знаејќи дека овој модел се наоѓа на листата во последните шест месеци по ред, ова достигнување не е сосема неочекувано. Многу добро се продаваѓе, посебно во Западна Европа.
Поради извонредните резултати во САД и Јужна Кореја, Galaxy S22 Ultra 5G е на второто место. Според Counterpoint, во февруари, овој флегшип модел сочинуваше две третини од вкупната продажба на Galaxy S22 серијата.
Ова одговара со претходната анализа на истражувачка фирма, која откри дека продажбата на 5G паметни телефони пораснала за 51 процент на глобално ниво во јануари, во голема мера благодарение на поголемото усвојување на 5G од страна на кинеските компании. Од јануари, Кина постигна 84 отсто глобална распространетотс на продажбата на 5G паметни телефони.
Според студијата, се чини дека се исплателе неодамнешните обиди на Samsung да го промовира 5G и да ја пренесе технологијата на мобилната мрежа од следната генерација на подостапните уреди.
Најновите евтини 5G телефони на Samsung, како што се Galaxy A53, A33 и A73 5G веројатно дополнително ќе ја подобрат позицијата на компанијата на пазарот во блиска иднина.