Основачот и дирекотр на компанијата Meta, Марк Цукерберг е побогат за 11 милијарди долари и со тоа повторно се најде меѓу десетте најбогати луѓе на светот.
Ова се случи на 28 април кога вредноста на Meta, во чија соственост се Facebook и Instagram, порасна за 17 отсто. Со тоа Цукерберг за само еден ден стана побогат за 11 милијарди долари.
На Вол стрит очекуваа дека во првиот квартал годинава Meta ќе има најспор раст во последните неколку години, но инвеститорите беа многу задоловлни откако забележаа зголемување на бројот на корисници, што е еден од клучните критериуми.
Поранешниот пад на вредонста на акциите влијаеше на вредноста на богатството на Цукерберг. По два месеци повторно се најде меѓу десетте најбогати луѓе на светот – неговото богатство вреди 65 милијарди долари.
Најголемиот конкурент на Facebook е TikTok, а предизвик му се и промените во сигурносните политики на Apple, како и блокадата, не само на Facebook, туку и на Instagram во Русија, пренесе Си-ен-ен.