Истражувачите од Технолошкиот универзитет во Делфт демонстрираа еднонасочен суперпроводник со нулта отпор, што ја блокира секоја струја која доаѓа во спротивната насока.
Со помош на суперпроводниците, електронските уреди би можеле да работат стотина пати побрзо и да ги елиминираат загубите на енергија. Но, за тоа се потребни и магнетни полиња кои би ги спречиле да спроведат струја во сите правци, што значи дека не биле практични за класично пресметување.
Но, сега истражувачите од Технолошкиот универзитет Делфт понудија алтернативен метод за контролирање на насоката на струјата во суперпроводникот без магнети. Притоа, го користеле новиот квантен материјал Nb3Br8, развиен на Универзитетот Џон Хопкинс. Како и графенот, овој материјал е атомски тенок и има свој електричен дипол.
Еден век суперпроводници
Истражувачите создадоа „квантен материјал од соединенијата на Џозефсон“ со два суперпроводници разделени со слој од Nb3Br8. На тој начин, тие добијче многу тенок сендвич, дебел само неколку атомски слоеви, потребни за да се за изработка Џозефсон диода.
Благодарение на овој градежен блок, технологијата која претходно беше можна само со помош на полупроводници, сега потенцијално може да се изработи со суперпроводници. Ова вклучува и терахерцни компјутери, 300 до 400 пати побрзи од компјутерите што моментално ги користиме. Значи, ако постоеше векот на полупроводници, ова би можел да стане век на суперпроводници, веруваат истражувачите.
Скалирање за масовно производство
За ова е неопходно да се надмине проблемот со употребливоста на собна температура. Имено, досегашните испитувања беа спроведени на екстремно ниски температури под 77 Келвини, односно -196 Целзиусови степени. Ако тимот на TU Delft открие како да покрене суперпроводник на понормални температури, ќе биде многу поблиску до следниот чекор: скалирање за масовно производство.
Истражувачите, кои ги објавија своите набљудувања во списанието Nature, веруваат дека нивниот суперпроводник најдобро ќе се користи во централизирани фарми за сервери и суперкомпјутери. Постоечката инфраструктура може без преголеми трошоци да се прилагоди за работата со електроника базирана на диодата Џозефсон, велат истражувачите.