И покрај тоа што приходите на Apple во првиот квартал успеаја да ги надминат проценките на аналитичарите, како и обично, извршниот директор Тим Кук предупреди дека Apple забележува некои негативни трендови во средината на тековниот квартал, што би можело да ги намали нивните приходи за 4-8 милијарди долари.
Главните фактори кои придонесуваат за лошиот финансиски учинок на Apple во овој квартал ќе бидат блокадата поради Ковид-19 во Кина, која влијае на производните линии на Apple, загубата на рускиот пазар поради санкциите, погрешната алокација на валутите, зголемените стапки на инфлација и општиот недостиг на залихи во снабдувањето на компоненти, што веќе некое време ја измачува индустријата.
Додека останатите предизвици се прилично разбирливи, растечката моќ на доларот и неговиот повисок курс во однос на локалните валути е нов проблем. Еден аналитичар на Apple, Крис Касо од компанијата „Рејмонд Џејмс“, верува дека Apple ќе биде принуден да ја зголеми цената на iPhone 14 во странство како одговор на послабите девизни курсеви:
„Apple објави силен мартовски квартал, но коментарот укажа на зголемената слабост во јуни предизвикана од валутите, загубата на приходите во Русија и најзначајното влијание што доаѓа од проблемите со производството предизвикани од затворањето на Кина. Претпоставуваме дека приходот од ~81 милијарда долари ги зема во предвид овие фактори. Проблемите со производството треба да бидат привремени – и да се појават во најдобриот можен период од годината, за време на најслабата сезона пред есенското лансирање на нови смартфони. Сметаме дека ова е добро за септември, под претпоставка дека ситуацијата во Кина ќе се нормализира. Старвуваме дека Apple можеби ќе мора да ги подигне цените во локалните валути, кога новите производи ќе бидат објавени наесен, доколку курсевите не се променат дотогаш“, истакна Крис Касо.