Facebook, односно Meta, не се откажува од виртуелната реалност или развојот на уреди кои служат за таа цел. За почеток, се очекува да се појават Quest Pro уредите за виртуелна реалност, а потоа се очекуваат уште три нови уреди до 2024 година.
Кодните имиња за сите овие проекти се Cambria, Funston, Stinson и Cardiff. Според првите наводи, проектот со кодно име Cambria, кој најверојатно би можел да биде Quest Pro, би требало да чини речиси 800 долари, додека за другите уреди во овој момент не е позната потенцијалната цена.
Овие четири уреди за виртуелна реалност треба да се состојат од два „обични“ модели, како и од два Pro модели. Според самата компанија, која е во нивните долгорочни планови за виртуелна реалност, помоќните модели би требало да бидат „лаптопи за лице“, што доволно говори во кој правец планира компанијата да ги развива.
Понатаму, се очекува во 2023 и 2024 година ќе се појават еден стандарден и еден Pro модел. Секако, бидејќи сето ова се само неофицијални информации, компанијата Meta може да го одложи официјалното претставување на овие уреди.
Засега, најблиску до претставувањето е уредот под кодно име Cambria, кој треба да биде Quest Pro уредот за виртуелна реалност. Очекуваниот датум на презентација е септември тековната година, но засега нема гаранции дека тоа навистина ќе биде датумот кога публиката ќе го види овој уред.
Моментно, нема поконкретни информации за тоа што можеме да очекуваме од овие уреди. Ни сакамата компанија Meta не сака да ги коментира производите кои се уште не се официјално објавени, па не е лесно да се дојде до некои технички спецификации, пишува Android Central.
Според неофицијални информации, цената на овој уред би требало да изнесува 799 долари, што е многу за уред за виртуелна реалност. Не сме сигурни како јавноста ќе реагира на ова, посебно не во комбинација со метаверзумот кој толлу многу го форсира оваа компанија. Па, да го почекаме септември.