Гејминг индустријата напредува и се развива, а нови игри излегуваат секоја недела. За жал, во валва ситуација голем број постари наслови остануваат запоставени, поради промените во технологијата и немањето поддршка.
Но за среќа, Sony одлучи да се активира на ова поле, па компанијата создаде нов тим фокусиран на зачувување на наследството од постарите игри.
Девелоперот на игри Герет Фредли неодамна објави на Twitter дека го започнал својот прв ден на нова работа во тимот на PlayStation, работејќи како дел од новоформираниот Preservation тим.
Sony се уште официјално не го коментирал формирањето на овој тим, но Фредли истакнува дека зачувувањето на игрите му е една од првите страсти кога е во прашање неговата кариера и дека е многу среќен што се вратил на тие корени.
Зачувувањето на игрите е исклучително важна одговорност, бидејќи овозможува историјата на индустријата за игри и сите игри да бидат достапни и пристапни на одреден начин.
Сè уште не е познато кои се намерите на Sony кога станува збор за новиот тим, но она што е познато дека производителот на конзолати планира наскоро да го редизајнира својот PlayStation Plus сервис преку оригинални и легендарни постари игри.