Иако речиси сите луѓе на планетата знаат колку пушењето е штетно по нивното здравје, фактот дека во светот има повеќе од милијарда пушачи јасно говори дека напуштањето на оваа грда и лоша навика за многумина не е така лесно.
Иако најдобро решение е засекогаш да се откажете од пушењето, бројот на пушачи покажува дека е важно да се разгледаат и други можности. Така, сѐ погласно експертите од областа на јавното здравје укажуваат на потребата од примена на концептот за намалување на штетноста во борбата против пушењето и потенцијалот за протерување на тутунскиот чад на иновативните тутунски производи, какви што се уредите што го загреваат а не го согоруваат тутунот.
Повеќето од вас веројатно слушнале за најпознатиот уред во оваа категорија – IQOS. Во текот на минатата година, во Северна Македонија, категоријата на алтернативи без чад беше надополнета со уште еден уред кој работи на принцип на загревање, а несогорување на тутун – lil SOLID на јужнокорејскиот производител KT&G.
lil SOLID 2.0, е квалитетен и достапен уред кој го загрева тутунот и не испушта тутунски чад, што го прави подобра алтернатива отколку да продолжите да пушите цигари. Покрај тоа што е елегантно и модерно дизајниран, lil SOLID 2.0 е исклучително лесен за употреба. Имено, со lil SOLID, полначот и држачот се комбинираат во еден уред со копче и LED индикатор и тежи само 99 грама.
Оваа алтернатива без чад го загрева тутунот со индукциона игла до 350 степени и не ја достигнува точката на согорување. Индукцискиот метод обезбедува рамномерно загревање по целата игла, но без оган, пепел и чад.
Иако научно е докажано дека уредите за загревање на тутунот се подобра опција, тие не се без ризик и ослободуваат зависност од никотин. Затоа, тие се наменети исклучиво за возрасни пушачи кои сакаат да ја сменат оваа навика, но не се подготвени целосно да се откажат од тутунот и никотинот.