Актуелната верзија на USB Type-C стандардот може да пропушти до 100 вати моќност. Новата 2.1 верзија овозможува двојно помоќна испорака.
Уште во мај минатата година се пишуваше за новиот, ревидиран стандард за USB Type-C, кој ќе овозможи повеќе од двојно помоќна испорака на електрична енергија до уредите отколку што е тоа случај. Поконкретно, максималната моќност што може да се пропушти низ новите USB-C 2.1 кабли и конектори ќе биде 240 W.
Club3D, мал холандски производител, претстави токму таков USB Type-C кабел кој може да испорача и до 240 W моќност и до 40 Gbps податоци.
Сепак, како што пренесува Tom’s Hardware, се уште не постојат уреди дизајнирани да користат такви „моќни“ USB Type-C кабли, ниту USB Type-C полначи од 240W , па нивното купување во моментов не им нуди на корисниците ништо ново.
Конечно, Club3D исто така не наведе никакви информации за достапноста на овие кабли во малопродажба, како ни нивните цени.