Новиот Precision 5470 лаптоп на Dell е најмоќната и воедно најтенка 14-инчна работна станица на светот.
Dell Technologies претстави новa преносна работна станица од серијата Precision. Станува збор за моделот 5740, за кој се вели дека претставува најмоќна, најмалата и најтенка работна страница во светот. Опремена е со најнов хардвер и нов систем за ладење, кој е специјално дизајниран да се вклопи во компактни димензии и да ги одржува високите перформанси на уредот.
Precision 5470 е базиран на Core i9 процесорот од 12. генерација на Intel, поддржува до 64 GB RAM (DDR5) и до 4 TB простор за складирање. Клиентите можат да изберат помеѓу две професионални графики – RTX A1000 на Nvidia или Arc графичката картичка на Intel. Бидејќи повеќе енергија значи повеќе топлина, инженерите на Dell развија иновативен систем за управување со топлина што се вклопува во компактниот систем без да се жртвува меморијата или соодветните Thunderbolt конектори. Имплементирана е и патентирана Dual Opposite Outlet технологијатана вентилатори – што значи дека системот може да работи подолго, дури и при поголеми брзини.
Лаптопот Precision поседува 14-инчен Infinity Edge дисплеј кој доаѓа со TUV сертификат за ComfortView Plus функцијата. Дополнително, Precision 5470 обезбедува и брза Wi-Fi 6E конекција, додека Dell Optimizer софтверот гарантира дека системот работи попаметно во склад со корисникот. Овој софтвер, базиран на вештачка интелигенција, го учи стилот на работа на корисникот и се прилагодува на неговите потреби и автоматски ги подобрува перформансите на апликацијата, времетраењето на батеријата, поставките за звук и приватноста.
Dell наведува и две нови функции кои вештачката интелигенција ја подигнуваат на ново ниво:
- Функција на интелигентна приватност (Intelligent Privacy Features) за криење на чувствителните информации и проекти на екранот, ако се детектира натрапник во системот. Екранот на лаптопот може автоматски да се затемни кога корисникот не е со поглед насочен на него за заштита на клучни податоци, додека притоа се штеди и енергија.
- Precision 5470 ја донесува и првата во светот симултана multi-network конекција, која на корисниците им пружа можност за поврзување на две жичани или безжични мрежи одеднаш за побрзо преземање на податоци и видеа.
Работната станица е изработена од алуминиум, а тачпадот има голема „клик“ подлога за и поддршка за гестови. Понатаму, има и Pro тастатура, читач за отпечатоци од прст и дополнителна опција за екран со поддршка на допир и дигитално пенкало.
За корисниците на кои им е потребен малку поголем екран, Dell ги подготви моделите Precision 5570 и 5770, кои ги опреми со екрани од 15 и 17 инчи. За „почетниците“, Dell подготви два модела од серијата Precision 3000 – 3570 и 3571, кои исто така се базираат на Intel Core процесорите од 12-та генерација и имаат до 21% обновлива биопластика на база на дрво во капакот на екранот, според целите на одржливост на компанијата Dell.