Instagram тестира функција која на корисниците ќе им овозможи прегледување на содржините на feed-от на цел екран, токму како што тоа го прави TikTok од самиот почеток.
Корисниците на TikTok се навикнати при првото отворање на апликацијата да се појави вертикално видео на целиот дисплеј. Instaram сега тестира функција која на корисниците би требало да им го пружи речиси истото искуство, како што се навикнати да го видат на кинеската социјална мрежа.
Според директорот на Instagram, Адам Мосери, целта на оваа „имерзивна“ функција е да направи кратките, вертикални видеа да бидат првото нешто што ќе го видат Instagram корисниците на платформата. Секако, овој тест ги вклучува и фотографиите кои понекогаш ќе се прикажуваат на цел екран, но фокусот е главно на видео содржините.
📣 Testing Feed Changes 📣
We’re testing a new, immersive viewing experience in the main Home feed.
If you’re in the test, check it out and let me know what you think. 👇🏼 pic.twitter.com/dmM5RzpicQ
— Adam Mosseri (@mosseri) May 3, 2022
Во својата објава на Twitter, Мосери прикажа и како оваа функција ќе изгледа во пракса. Фотографијата или видеото ќе се појави на цел екран на feed-от. Коментарите, лајковите и другите опции ќе бидат „имплементирани“ во рамките на содржините што ги гледаат корисниците, додека лентата за Stories ќе остане скриена додека корисникот не одлучи да скрола нагоре.
Останатите функции како пораките, известувањата и слично, и натаму ќе се прикажуваат на горниот дел од екранот. Засега не е познато кога овој начин на прикажување на содржини ќе стане достапен за сите корисници.
