Микроскопскиот уред за снимање е доволно мал за да се вклопи во леќата на камерата на паметен телефон и е доволно евтин за да ја направи подостапна мобилната медицинска дијагностика.
Новото издание на ACS Photonics објави интересен труд на истражувачи од Универзитетот во Мелбурн и Центарот на Австралискиот истражувачки совет за трансформативни мета-оптички системи (TMOS). Имено, тие смислија начин како да ја минијатуризираат технологијата на фазно снимање, користејќи мета-површини тенки неколку стотина нанометри или околу 350 пати потенки од човечката коса. Овие микроскопски мали уреди се доволно мали за да се вклопат во објективот на смартфон или друга мала камера.
Пребарување на далечина
Оваа нова технологија ги осигурува ресурсите за медицински пребарувања на далечина, а еден ден би можеле да овозможат и откривање на болестите дома. Пациентот сам ќе може да земе примерок од плунка или крв и потоа сликата може да ја испрати во било која лабораторија во светот.

Како скапите микроскопи за фазно снимање, овие метаповршини можат да манипулираат со светлината што минува низ нив, за да ги направат видливи инаку невидливите аспекти на објектите, како што се живите биолошки клетки.
Метаповршината е направена со помош на низа ситни наношипки на рамна површина, распоредени така што невидливото својство на светлината го претвораат во нормална слика видлива за човечкото око или конвенционалните камери.
Нова генерација уреди
Овие метаповршини создаваат псевдо-3Д слики со висок контраст, без потреба од накнадна обработка на компјутер, објаснуваат истражувачите.
What if you could find out if you're sick using your smartphone camera? 🤳 Our researchers are developing a tiny microscopic imaging device that can potentially lead to mobile medical diagnosis. Tap to learn more ▶️ https://t.co/hnkHk2K3eD
— Science at Melbourne (@SciMelb) May 3, 2022
„Тоа е само јаготката на шлагот; метаповршините на крајот ќе ја заменат конвенционалната оптика и ќе дозволат да се појави нова генерација на минијатуризирани уреди“, велат истражувачите уверени дека таквите минијатурни, евтини и преносни медицински дијагностички уреди, ќе им го приближат здравственото осигурување и на жителите на сиромашните земји и оддалечени региони.


