Деновиве се чини дека нема шанси да избегаме од Twitter и разните настани поврзани со оваа социјална мрежа. Сагата за купувањето на компанијата од Елон Маск никако да заврши, се форсира слобода на говор, левичари се жалат, а сега има и опција за промена на содржината на твитовите.
Едноставно, Twitter се фокусира на фактот дека луѓето треба да стојат зад нивните зборови, какви и да се тие, па новата опција за менување твитови ќе ги индексира сите верзии на објавата на еден корисник кои ќе бидат достапни за другите корисници.
За тоа дознавме пред две недели, кога неофицијално беше откриено дека историјата на промените на твитовите може да се погледне со едноставен клик. Значи, нема криење на вашите срамни мисли зад брзо уредување, но сè е на хартија и достапно за проверка. Но, досега немавме поим како тоа би можело да изгледа.
Сега се појавија првите фотографии кои сугерираат точно како би можело да изгледа спроведувањето на промената на твитовите на оваа социјална мрежа. Сето ова е благодарение на корисничката Џејн Манчун Вонг (Jane Manchun Wong – @Wongmjane) која објави скриншот на кој јасно се гледа дека нејзината порака е уредена.

За почеток, забележуваме присуство на икона со молив, како и текстот „edited“ директно до него. Ова е јасен показател за другите корисници на оваа социјална мрежа дека твитот што го читаат е изменет. Имаше и скриншот со текстот до иконата со пенкало „There’s a new version of this Tweet“ или „Има нова верзија на овој твит“.

Веднаш потоа, истата корисничка објави скриншот со наслов „Edit history“, но без приложена историја на промени на нејзиниот твит, со коментар како оваа социјална мрежа активно работи на имплементација на оваа функционалност.


