Razer во својата понуда веќе има 15-инчен OLED лаптоп, но со брзина на освежување од 60 Hz. Со новиот Blade 15, компанијата сака да допре до играчите и корисниците кои ќе го користат за професионални цели.
Razer ја најави новата верзија на својот лаптоп Blade 15 со 15,6-инчен OLED QHD дисплеј за стапка на освежување од 240 Hz. На тој начин, корисниците ќе добијат висока стапка на освежување идеална за играње видео игри, но и живописно прикажување на содржината, идеално, на пример, за уредување фотографии или видеа.
Според Razer, ова е првиот лаптоп во светот кој има OLED QHD екран од 240 Hz. Покрај тоа, компанијата напоменува дека екранот го покрива целиот DCI-P3 опсег на бои, има брз одзив од 1 ms и осветленост од 400 нита.
Новиот Blade 15 ќе го покренува Intel Core i9-12900H процесорот од 12-та генерација и ќе има графичка картичка Nvidia RTX 3070 Ti. Дополнително, доаѓа со 32 GB DDR5 RAM, 1TB SSD и еден дополнителен слот M.2 за дополнително зголемување на просторот за складирање. Од портовите, поседува Thunderbolt 4, USB-C, USB-A, HDMI, но и читач на SD картички.
Razer истакнува дека новиот Blade 15 ќе биде достапен за купување подоцна оваа година, по цена од 3.499 долари.