Компанијата Samsung ја објави новата серија на своите microSD картички наречени PRO Endurance.
Станува збор за microSD картички кои се оптимизирани за снимање видео во Full HD и 4K резолуција. Овие картички се дизајнирани да ги задоволат „ригорозните барања на камерите за надзор, автомобили, домови, преносни и други“.
Според официјалното соопштение, Pro Endurance може да поддржуваат снимање до 16 години, се разбира, под услов корисникот да ја пренесе снимената содржина доволно брзо.
Samsung Pro Endurance доаѓа со NAND флеш меморија која може да трае како 33 „вообичаени картички фокусирани на брзина“, а е Evo Plus серија на картички. Брзините на читање одат до 100 MB/s, а брзината на запишување е до 40 MB/s во зависност од капацитетот.
Новата картичка е достапна во четири верзии кога станува збор за меморијата, и тоа 32 и 64 GB (microSDHC) и 128 и 256 GB (microSDXC). Секоја од нив има различна издржливост, но времетраењето на сите четири се мери во илјадници часови.
Samsung дополнително ја заштити картичката Pro Endurance покрај вообичаената заштита од вода, радијација и магнети, па сега има и заштита од оштетување и паѓање од висина до 5 метри.
Картичките се веќе достапни за продажба, а цената се движи од 10,99 долари за 32 GB до 54,99 долари за 256 GB меморија.