Скриени во длабочините и под брановите, океаните содржат огромни резерви шеќер за кој претходно воопшто не сме биле свесни, тврдат научници.
Благодарение на ново истражување, научници открија дека морска трева на дното на океаните содржи огромни количини слатки материи. Шеќерот е присутен во форма на сахароза, главна состојка на шеќерот што се користи во кујната, а морската трева го испушта на океанското дно и област која е всушност слој од корени наречен ризосфера. Тоа значи дека концентрацијата на шеќер на морското дно околу 80 пати е поголема од вообичаено.
Под морската трева низ светот би можело да има до 1,3 милиони тони сахароза, тврди тим истражувачи.
„Морската трева произведува шеќер во текот на фотосинтеза. Во просечни светлосни услови овие билки го користат го користат шеќерот што го произведуваат за сопствениот метаболизам и раст. Но, во услови на поголема количина светлина, на пример во текот на лето, билките произведуваат повеќе шеќер од што можат да го искористат или складираат, така што го ослободуваат вишокот сахароза во ризосфера“, вели Никол Дублиер, морски микробиолог од Институтот Макс Планк во Германија.
Изненадувачки е фактот дека овој шеќер не го консумираат микроорганизмите во опкружувањето.