Официјалната верзија на Samsung Internet 17.0 е достапна за преземање од продавницата на Google Play или од апликацијата Galaxy Storе
Компанијата Samsung Electronics официјално ја објави надградбата на веб-пребарувачот Samsung Internet 17.0 кој воведува нови карактеристики за приватноста и безбедноста на корисниците. Најновата верзија вклучува Smart anti-tracking функција и HTTPS приоритетен пристап поставен согласно зададените поставки. Исто така, севкупното корисничко искуство е подобрено со нови табови во менито кои можат да се повлекуваат и спуштаат (drag&drop), како и со дополнителни опции при бирање на јазик за превод, сè со цел да се задоволат различните потреби на корисниците.
„ Со секоја нова генерација на Samsung Internet се посветуваме на изработка на врвно искуство при интернет пребарување, кое никогаш не ја доведува во прашање приватноста или безбедноста. Samsung Internet 17.0 е резултат на долгогодишното истражување со кое овозможивме досегашното најмоќно и најзаштитено искуство за интернет пребарување да биде достапно на сите корисници на Galaxy уредите“, истакна Heejin Chung, директорка на групата Web R&D во MX (Mobile eXperience) Business секторот на Samsung Electronics компанијата.
Приватност на стандардните поставки
Samsung Internet 17.0 ја надградува интелигентната Smart anti-tracking функција која сега може да се вклучи на сопствените стандардни поставки. Оваа паметна функција помага при блокирање на трети страни кои се обидуваат да ги следат личните податоци на корисниците, а за дополнителна заштита при внесување на посакуваната URL адреса во Samsung пребарувачот, корисниците можат да активираат и побезбедна HTTPS поставка.
Брз и лесен пристап за приватните активности
Samsung Internet 17.0 дава сеопфатен преглед на начинот на кој Samsung пребарувачот го заштитува веб искуството на корисниците. Со Samsung Internet 17.0, визуелната снимка на надзорната плоча за приватност на корисниците е достапна со помош и на Quick Access страницата за брз пристап. Ова нуди детален запис за неделните активности и за поставките кои можат дополнително да се прилагодат за да одговараат на преференциите за приватност на секој корисник поединечно.
Понатаму, Samsung Internet 17.0 овозможува користење на надворешен сигурносен систем или сигурносни клучеви на уредот како замена за SMS или дво факторска проверка на автентичноста.
Подобрено корисничко искуство
Најновото ажурирање на Samsung веб-пребарувачот, вклучува неколку подобрувања на целокупното корисничко искуство, drag&drop можноста за табовите во прилагодените групи за табови. Ова подобрување ја прави навигацијата и организирањето на различните табови побрзо и полесно.
Samsung Internet 17.0 исто така носи збогатено искуство за пребарување преку обележувачи, историја и зачувани страници. Прелистувачот препознава вообичаени грешки при пишување на корисниците, така што може да обработува различни барања за совпаѓање базирани на зборови од базата на податоци врз основа на обележувачи и зачувани страници за да пронајде фрази или дури и цели реченици. Покрај тоа, фонетското совпаѓање исто така ви овозможува да пребарувате специфични термини врз основа на тоа како звучат, а можностите за превод се подобруваат со додавање на пет јазици, зголемувајќи го вкупниот број на 26 достапни јазици.