Откако Eлон Маск го склопи договорот за купување на Twitter, многумина веднаш решија да бараат алтернативи, а оваа децентрализирана социјална мрежа е една од оние чија популарност значително порасна.
Mastodon како децентрализирана и отворена социјална мрежа постои веќе неколку години и досега имаше можност да се етаблира и привлече поголем број корисници. Но, откако Елон Маск го склопи договорот за купување на Twitter, нејзината популарност повторно почна значително да расте. Во суштина, Mastodon е отворена варијанта на Twitter и можностите се речиси идентични (со неколку елементарни разлики).
Токму тоа се двете клучни причини зошто многумина одлучија да видат што има да понуди Mastodon; од една страна се издвојува по својата отвореност и децентрализација, со што се создава подемократска средина со јасно поставени правила, додека од друга страна сите кои се навикнати на Twitter многу лесно ќе се навикнат да го користат Mastodon.

Сепак, постојат одредени разлики. Овозможено е објавување пораки до 500 знаци, а корисниците можат да ги направат поединечните објави приватни и прецизно да управуваат со кого сакаат да ги споделат (само со пријателите, со лицата што се споменати или со сите без ограничувања). Всушност, заедниците можат да креираат сопствени правила, а секој може да основа своја заедница, така што слободите се практично загарантирани.
Во секој случај, сите оние кои сакаат да пробаат алтернатива на Twitter од која било причина, pa дури и ако се само мотивирани од намерата на Елон Маск, оваа децентрализирана социјална мрежа е идеална алтернатива на Twitter и вреди да се проба, па дури и како еден вид социјален експеримент.
Социјалната мрежа Mastodon може да се преземе бесплатно преку Google Play на Android и App Store на iOS.


