Американска корпорација ќе го изгради првиот вселенски хотел за пет години.
На оваа идеја инвеститорите работеа долго време, но проектот Orbital Assembly е најблиску до реализација. Ќе може да прими до 400 луѓе и веројатно ќе чини неколку милијарди долари.
Компанијата вели дека проектот, наречен Pioneer Station, би можел да вклучи даватели на вселенска технологија, луѓе во комуникацискиот бизнис или логистички услуги.
Има реални шанси и соседските бугарски компании да се приклучат на амбициозната идеја за првиот вселенски хотел во орбитата на Земјата.