Се сугерираше дека Qualcomm би можел да го објави Snapdragon 8 Gen 1+ чипсетот во мај, но сега познат дојавувач истакнува дека тоа нема да се случи.
Според Digital Chat Station, кој воглавно е прецизен кога станува збор за гласините од овој тип, Snapdragon 8 Gen 1+ платформата најверојатно ќе ја видиме во текот на втората половина од годината. Причината е моменталната состојба со пандемијата на коронавирус во Кина.
Тој наведува и дека Lenovo и Qualcomm имаат добра соработка, што укажува дека првиот смартфон со новиот чипсет би можел да биде Motorola Edge 30 Ultra. Знаеме дека Edge 30 Pro беше првиот телефон што го користеше чипсетот Snapdragon 8 Gen 1.
Името Snapdragon 8 Gen 1+ сè уште само сугестија, а чипот се очекува да добие подобрен графички чип, додека процесорот ќе остане ист како и кај сегашниот модел. Ќе има едно моќно Cortex-X2 јадро, три Cortex-A710 јадра за перформанси и четири ефикасни Cortex-A510 јадра.


