Секој четврти нов автомобил во Европа продаден во првиот квартал од 2022 година е лесен или целосен хибрид. Ова го покажуваат резултатите на ACEA за пазарите во ЕУ, земјите од ЕФТА (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија) и Обединетото Кралство
Во првите 3 месеци од годината се продадени 700.209 хибридни автомобили (лесен или целосен хибрид), што е за 6,3% повеќе од истиот период во 2021 година. Како пазарен удел, овие возила веќе достигнуваат 25,4% од пазарот. Ако на нив се додадат 236.991 plug-in хибридни автомобили (пријавен е пад од 6,1%), тогаш вкупниот број им обезбедува удел од 34%, што е повеќе од 1/3 од пазарот.
Сепак, plug-in хибридите се инфериорни во однос на електричните возила, чија продажба за кварталот е 325.285 единици. Ова е пораст од 60,8% и значи пазарен удел од 11,8%. За споредба, уделот на plug-in хибридните модели е 8,6%.
Иако забележале пад од 21,4% во однос на првите 3 месеци од минатата година, сепак на пазарот во Европа и понатаму доминираат автомобилите со бензински погон. Нивниот резултат е 1.007.715 единици, што значи учество од 36,6%. Уште позабележителен е падот на дизелите односно 409.445 единици (-34,6%). Нивниот удел на пазарот е веќе 14,8%.
Огромно пад на продажбата бележат и автомобилите на метан, за кои голем интерес има речиси само во Италија. Во првиот квартал квартал нивниот резултат во Европа е 6.320 единици (-56%), што значи учество од 0,2%. На спротивната страна се автомобилите со алтернативни горива (плин, етанол и други), чија продажба скокнала за 48,6% или 67.718 единици. Тоа значи пазарен удел од 2,4%.