Facebook почна да испраќа известувања до корисниците дека ќе почне да ги отстранува функциите засновани на локација.
Социјалната мрежа планира да ги оневозможи функциите како што се Nearby Friends, но не е објавена конкретна причина за овој потег. Покрај тоа, автоматски ќе бидат оневозможени податоиц за локацијата кои се собрани од корисниците.
Nearby Friends функцијата беше додадена на Facebook во 2014. година, а имплементирана е за да се создаде подобра поврзаност помеѓу пријателите. Функцијата е достапна за Android и iOS платформите, кои веќе имаат можности за следење преку GPS.
Од 1. јуни ќе стане недостапно и предупредувањето за времето, историјата на локациите и историјата во позадина. Бидејќи Facebook не споменува планови за враќање на споменатите функции, се верува дека тие ќе бидат трајно остранети.
Овие апликации и сервиси од 31. мај ќе престанат во позадина да собираат податоци за локацијата и позадините, а корисникот од своја страна нема да мора ништо да прави. Facebook се ќе оневозможи автоматски.