Американската вселенска агенција NASA објави нови импресивни фотографии од вселената направени од нејзиниот нов вселенски телескоп James Webb.
NASA на прес-конференција ја објави веста за подготвеноста на телескопот додека трае неговото порамнување, а притоа беа направени и нови одлични фотографии. Новата фотографија го прикажува Големиот Магеланов Облак снимен со инструментот MIRI на Webb, кој е специјализиран за снимање во средниот инфрацрвен спектар. Станува збор за фотографија од блиску што открива дел од Големиот Магеланов Облак, сателитска галаксија на нашиот Млечен Пат која содржи густи ѕвездени полиња и која ќе се користи за тестирање на новите можности на James Webb.
Новата фотографија се споредува со фотографија од истата област направена од вселенскиот телескоп Spitzer на NASA со Infrared Array Camera. Spitzer беше „пензиониран“, но тој беше еден од првите што направи фотографии од универзумот со висока резолуција.
Computer, enhance! Compare the same target — seen by Spitzer & in Webb’s calibration images. Spitzer, NASA's first infrared Great Observatory, led the way for Webb’s larger primary mirror & improved detectors to see the infrared sky with even more clarity: https://t.co/dIqEpp8hVi pic.twitter.com/g941Ug2rJ8
— NASA Webb Telescope (@NASAWebb) May 9, 2022
Примарното огледало на Webb и подобрените детектори ќе им дадат на научниците многу појасен поглед на „инфрацрвеното небо“ во иднина, а тоа би можело да значи нови потенцијални откритија во астрономијата на длабоката вселена.
Кога новиот телескоп официјално ќе ги започне своите научни мисии, инструментот MIRI ќе им помогне на астрономите да разберат како настанале младите ѕвезди и протопланетарни системи.
Дотогаш ќе се следи тестирањето на телескопот и неговата напредна опрема, а првите експерименти ќе започнат летово. После тоа, астрономијата го забрзала својот напредок и продолжила да ја открива историјата на универзумот.