Компанијата Apple навистина се подготвува да претстави голем број производи во текот на оваа година. Тука е iPhone 14 серијата смартфони, новите Mac компјутери со M2 процесори, како и новите iPad Pro модели. Според последните неофицијални информации, компанијата се подготвува на корисниците да им претстави уште еден уред, а тоа се новите безжични слушалки, односно втората генерација на AirPods Pro.
Како што пренесува порталот Wccftech, а според познатиот аналитичар и новинар на Bloomberg, Марк Гурман, Apple најверојатно наесен ќе го претстави новиот модел на безжични слушалки, веројатно заедно со објавата на нови бои за AirPods Max слушалките.
Како што истакна и самиот Гурман: „Внимавајте на новите безжични слушалки AirPods Pro оваа есен. Актуелниот модел е на пазарот од есента 2019 година, па батеријата полека станува проблем за многу корисници. Исто така, очекувајте освежување и на AirPods Max во форма на нови бои, како и можности за намалување на цената“.
Другиот познат аналитичар задолжен за информации поврзани со Apple, Минг Чи Куо, исто така, спомена дека презентацијата на AirPods Pro 2 се очекува наесен.
Што се однесува до дизајнот, се очекува дека AirPods Pro 2 слушалките нема да имаат рачка која излегува од долната страна на слушалките, што ветува покомпактен дизајн и на самите слушалки и на футролата за полнење на батеријата. Покрај тоа, се претпоставува дека овие слушалки ќе донесат поддршка и за losless аудио формати. Ja очекуваме есента за да ја потврдиме или демантираме оваа информација, а дотогаш ќе имате време да заштедите, имајќи во предвид дека актуелната генерација на AirPods Pro слушалки кај нас се продава по цена на просечен телефон од средна класа.
iPhone 14 пристигнува во септември, ова се познатите спецификации