За преклопниот модел на iPhone се зборува долго време, но Apple се уште не го пласираше на пазарот. Сепак, се чини дека е направен чекор кон тоа овој уред навистина да ја „види светлината на денот“.
Азиските медиуми пишуваат дека Apple почнува да произведува нов тип на OLED екран кој нема поларизатор, слој дизајниран да ја подобри видливоста/читливоста на екранот, но неговиот недостаток значи потенок екран кој е идеален за телефоните на преклоп.
Меѓутоа, тоа не е гаранција дека Apple наскоро ќе претстави флексибилен модел. За таков уред, покрај екранот е потребно да се дизајнираат и други компоненти како што се шарки, куќишта и делови кои одговараат на механизмите за преклоп. Клучниот чекор во создавањето на мобилниот уред е фазата на истражување и дизајн, во текот на која се произведуваат бројни прототипови и се подложуваат на тестови за да се утврди кој е најдобар.
Исто така, можно е новите дисплеи да се произведуваат само за да се тестираат на смартфоните кои ќе останат во „лабораторијата“ на Apple и никогаш нема да се најдат во продажба.
Сепак, фактот дека Apple произведува нов тип на екран за iPhone укажува дека има неколку прототипи на кои е фокусирана компанијата и дека проектот е во фаза на планирање.
Исто така, ова може да значи дека нема да треба да чекаме за „iPhone Flip“ дури до 2025 година, но засега ништо не може да се каже со сигурност.