Компанијата Samsung Electronics ја објави организацијата на првиот Samsung 6G форум што ќе се одржи на 13 мај 2022 година со почеток во 2 часот по полноќ. Сите заинтересирани може да се регистрираат онлајн преку веб-страната на настанот https://Samsung6gForum.com најдоцна до 13-ти мај. Сите новости поврзани со настанот ќе бидат испратени преку е-пошта, а пријавените учесници можат да поставуваат прашања на веб-страната пред секој дел.
Под темата „Следното хипер-поврзано искуство за сите“, (The Next Hyper-Connected Experience for All), Samsung 6G форумот ќе ги собере сите водечки глобални експерти од академската заедница и од индустријата во областа на комуникациските технологии на следната генерација за да разговараат детално за технологиите на иднината што ќе придонесат за значајни промени во светот до 2030 година.
Форумот ќе биде поделен на два дела и ќе се пренесува во живо преку Youtube каналот на Samsung. Секој дел ќе содржи стручни презентации проследени со панел дискусија.
„Возбудени сме што ќе бидеме домаќини на нашиот прв форум посветен исклучиво на споделување знаење и увид во 6G технологијата и ширење на нашата визија. Покрај семинарот Samsung AI и семинарот Samsung Security Tech што го одржуваме секоја година под името „Samsung Tech Forum“, новиот Samsung 6G форум ќе ја зајакне нашата позиција во оваа област. Со нетрпение очекуваме да разговараме за клучните теми со колегите, експертите и сите заинтересирани за комуникациските технологии на следната генерација “, изјави Себастијан Сеунг, претседател и раководител на одделот за истражување.
Одделот за истражување на Samsung Electronics функционира како напреден центар за развој на компанијата, првенствено во идните технологии во одделот DX (Device eXperience).
Распоред на Samsung 6G форумот
Утрински дел– 6G Air interface (2:00-5:10 CEST)
Утринскиот дел ќе започне со воведни забелешки на Себастијан Сеунг, претседател и раководител на одделот за истражување. Џефри Ендрјус, професор на Универзитетот во Тексас во Остин, ќе одржи детални експертски дискусии на тема „6G Air interface“, Чарли Џанг, виш потпретседател на Samsung Research America, Такехиро Накамура, виш потпретседател и извршен директор на 6G лаборатории во NTT DOCOMO и Џон Сми, виш потпретседател за инженерство во Qualcomm Technologies, Inc. Потоа ќе следи панел дискусија предводена од Јухо Ли, соработник во Samsung Research.
Попладневен дел – Интелигентна мрежа за 6G (6:10-9:10 CEST)
Попладневниот дел, под тема „Интелигентна 6G мрежа“, ќе започне со говор на Тарик Талеб, професор на Универзитетот во Оулу, проследено со говор на Сеунг Јо Маенга, бизнис специјалист за мрежа во Samsung Electronics, Бјонгјо Шима, професор на Националниот универзитет во Сеул, Шин Џина професор на Југоисточниот универзитет во Кина. Нивните презентации ќе бидат проследени со панел-дискусија водена од Сунгјун Чои, извршен потпретседател и раководител на Центарот за напредни комуникациски истражувања во Одделот за истражување на компанијата Samsung Electronics.
За повеќе информации за Samsung Tech Forum, посетете го линкот https://research.samsung.com/events.