Новите уреди од Samsung Galaxy Z серијата ќе поддржуваат полнење со максимална моќност од 25 W, исто како и нивните претходници. Ќе потсетиме дека Samsung ги лансираше полначите со Galaxy S21 и Z3 сериите, а неодамна А серијата доаѓа и во елегантни мали кутии со USB-C кабел и пин за слот за SIM како единствен додаток.
Интересно е што повеќето телефони на Samsung користат полначи од 25W од 2019 година и дека овој производител, исто како и Apple, е многу внимателен кога станува збор за брзото полнење.
Информациите за полначите доаѓаат од Кина, каде што Galaxy Z серијата доаѓа со полнач, за разлика од остатокот од светот, и каде што протекоа информации за новите телефони Z Fold4 и Z Flip4. Ознаките на моделите – SM-F7210 и SM-F9360, како и стариот добар полнач EP-TA800 од 25W стигнаа до јавноста.
Иако нема многу информации за новиот Fold4, она што е откриено е дека новиот голем флексибилен фаблет ќе ја има истата батерија како и неговиот претходник (4400 mAh) и нема да доаѓа со слот за S Pen. Тоа значи дека автономијата ќе биде најголемиот проблем, како и кај претходните модели на Fold, каде батеријата едвај издржува еден ден користење.
Fold4 би требало да ги усвои и трите камери од S22 Ultra – главен сензор од 108MP, широкоаголен од 12MP и 10MP 3x зум. Батеријата на моделот Flip4 треба да биде 3400 mAh, а двата телефони ќе се напојуваат од Snapdragon 8 Gen 1 или неговата „Plus“ верзија.
Новите модели od Samsung Galaxy Z серијата треба да се појават во август оваа година.