„Apple објави дека го прекинува производството на својот оригинален музички плеер, iPod touch. Фирмата вели дека ќе остане достапен за купување „додека го има на залихи“. Уредот беше последен пат ажуриран во 2019 година.
Култниот MP3 плеер беше лансиран во 2001 година, кога можеше да складира 1.000 песни. Денес има повеќе од 90 милиони песни достапни преку услугата за стриминг Apple Music. Плеерот е дизајниран од Тони Фадел, кој подоцна учествуваше и во креирањето на iPhone.
Грег Џосвијак, виш потпретседател за светски маркетинг во Apple рече дека гаџетот „редефинирал како се открива, слуша и споделува музиката“.
Бен Вуд, главен аналитичар во CCS Insight, изјави за Би-Би-Си дека секогаш било неизбежно iPhone еден ден да го замени iPod.
„Навистина е зачудувачки што само 15 години подоцна iPod го достигна крајот на патот“.
Каролина Миланези од Creative Strategies рече дека падот на продажбата на iPod е поврзан со порастот на продажбата на iPhone – како што е преминот од дигитални преземања до стриминг.
„Пропаста на iPod е веројатно најдобриот пример дека Apple не се грижи за канибализирање на сопствените производи“, рече таа.