Хидроцентралата висока 180 метри на тибетското плато наместо луѓе ќе ја градат роботи и 3Д печатачи.
Кинеските научници го претвораат градилиштето во најголем 3Д печатач во светот, а проектот се очекува да биде завршен во 2024 година. Беспилотни багери, камиони, булдожери, машини за асфалт и ролери ќе бидат целосно контролирани од вештачка интелигенција, пренесува South China Morning Post. Процесот на градба ќе биде адитивен, што значи дека ќе се гради, односно ќе се печати, дел по дел.
Браната Јангку ќе може да испраќа околу пет милијарди киловат-часови електрична енергија годишно од горниот тек на Жолтата река до Хенан, провинција со население од приближно 100 милиони жители. Електричната енергија ќе патува низ високонапонска линија долга 1.500 метри, изградена исклучиво за пренос на одржлива енергија.
„После години на развој и тестирање на 3D технологии за изградба на голема инфраструктура, таа е зрела за масовна примена. Ќе ги ослободи луѓето од напорна, повторлива и опасна работа“, рече водечкиот научник на проектот Лиу Тијанџун. Во рецензирана научна статија за магазинот Tsinghua University, тој изјавил дека изградбата на браната и 3D печатењето се со идентична природа, пренесува Jutarnji List.
Во написот Лиу и неговиот тим ги наведоа предностите на нивните откритија во областа на вештачката интелигенција. Сега машините ќе можат да ги препознаваат речиси сите предмети на самото место, да се справуваат со несигурностите во околината и флексибилно да извршуваат различни задачи.
Што е најважно, посочуваат дека нема да прават човечки грешки. Лиу тврди дека возачите на камиони често доставувале материјал на погрешни локации, додека ударите и силните вибрации ги спречиле возачите на багери да ја направат патеката целосно рамна. Повеќето работници не можеле точно да ги прочитаат техничките упатства.
Покрај тоа, познато е дека работната средина е опасна по живот, па овие роботи ќе ги спасат луѓето од главоболки предизвикани од недостаток на кислород или исцрпеност по цел ден на работа.
„Вештачката интелигенција базирана на знаење, информации и податоци е нова алатка која ќе ја обликува нашата иднина“, рече Лиу.
Некои архитекти почнаа да ја користат оваа технологија на згради, но сите претходни проекти беа мали. Седиштето во Дубаи Future Foundation, првата зграда ја направи со 3Д печатење, и е висока само шест метри.
Вештачката интелигенција имаше само улога на координатор во претходните проекти. Кинеските градски инженери ја изградија втората по големина брана во светот, Баихетан, за само четири години. Поради брзата изградба, критичарите на проектот се преиспитуваа колку процесот е штетен за животната средина.
Извори: B92.net / Jutarnji List