Компанијата Huawei организираше голем настан минатиот месец во Кина, кога на јавноста и даде првиот увид во својот нов флексибилен уред – Mate Xs 2. По тој повод, најавени беа и Huawei Watch GT3 Pro, Huawei Band 7 и MatePad SE. Широк асортиман на производи за сечиј вкус. Конечно е објавено кога некои од овие производи, најпрвин Huawei Mate Xs 2, ќе се појават пред глобалната публика, а станува збор за 18 мај.
Иако Huawei не наведе кои точно уреди може да очекуваме да ги претстави на својот настан, според порталот GSM Arena, стилизираната голема буква X и повеќе од јасно сугерира дека не очекува претставување на мобилниот уред Mate Xs 2. Покрај него, тука би требало да се најде и новиот паметен часовник, Huawei Watch GT3 Pro, но ниту оваа информација се уште не е потврдена.
Што се однесува до самиот телефон на преклоп Huawei Mate Xs 2, тој донесува 7,8-инчен OLED екран (кога уредот е расклопен) со резолуција од 2480 x 2200 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz. Преклопениот екран е со големина од 6,5 инчи со резолуција од 2480 x 1176 пиксели, а во него е сместена селфи камера од 10 MP поставена во горниот десен агол.
И покрај прилично големите димензии, Huawei успеа да ја намали тежината на уредот, па така Mate Xs 2 тежи само 255 грама, додека неговиот претходник имаше тежина од над 300 грама.
Како и кај Mate X и Mate Xs, Huawei на Mate Xs 2 користи модул за тројна камера. Присутна е главна камера од 50 MP, ултраширока камера од 13 MP и телефото модул од 8 MP со 3x оптички и 30x дигитален зум и OIS.
Уредот на преклоп работи со Snapdragon 888 4G чипсет со 8/12 GB RAM и до 512 GB простор за складирање. Mate Xs 2 има батерија од 4.880 mAh со брзо полнење од 66W и работи со HarmonyOS 2 на Huawei.
Цената на основната верзија се очекува да изнесува околу 1500 долари, додека најмоќната верзија со 12GB RAM меморија би требало да чини нешто помалку од 2000 долари.