Производителот на видео-игри Electronic Arts (EA) објави дека повеќе нема да креира нови верзии од култната фудбалска игра FIFA.
Оваа игра е еден од најсилните брендови во историјата на индустријата за видео-игри. Една од причините зошто ЕА ја донесе оваа одлука е цената на лиценците. Играта FIFA имаше лиценци од некои од најсилните фудбалски натпреварувања, вклучувајќи ги англиската, шпанската и германската лига.
Од следната годинаа играта ќе биде позната како „EA Sports FC“, и засега ќе ги заддржи лиценците на Премиерлигата, а склопено е и партнертво со компанијата Nike.
Join The Club
Learn more July 2023#EASPORTSFCMore details: https://t.co/3fi6YPOH2G pic.twitter.com/75FLzjOapN
— EA SPORTS FIFA (@EASPORTSFIFA) May 10, 2022
„Новата независна платформа носи нови можности за креација, иновација и еволуирање. Ова е многу повеќе од промена на симбол, EA Sports останува посвеена на фудбалот“, потврди генералниот директор на EA, Кем Вебер.
Видео-игрите FIFA се издаваа секоја година од 1995 година, а FIFA 23 ќе биде последната FIFA во изданието на Electronic Arts, јавува BBC.