Samsung во септември минатата година го претстави ISOCELLL HP1 сензорот за камери од 200 MP, но досега не го користеше на ниту еден од своите смартфони
Додека чекаме детали за првиот паметен теелфон на Samsung со камера сензор од 200 мегапиксели, од Јужна Кореја пристигнуваат информации дека компанијата развила нов 200MP сензор за камери.
Се очекува овој сензор да биде имплементиран во Galaxy S23 Ultra, кој ќе биде претставен следната година.
Во извештајот се споменува дека 70 проценти од новите сензори од 200 MP ќе бидат произведени од Samsung Electro-Mechanics, што претставува оддел за камери на јужнокорејскиот гигант. Останатите 30 отсто ќе ги произведува Samsung Electronics.
Нема многу информации за новиот 200MP камера сензор, но се очекува наскоро да почнат да се појавуваат повеќе информации.