Можноста за креирање на „локална сметка“ ќе остане достапна само за бизнис и образовните корисници
Новата 22H2 верзија на оперативниот систем Windows 11 ја отстрани опцијата за инсталирање со помош на локална сметка, па корисниците мораа да креираат Microsoft профил за да можат да го користат својот платен оперативен систем, објави Windows Latest. Оваа промена најпрвин се појави во Windows 11 Home верзијата, а сега се чини дека на ред се и Pro корисниците.
Она што Microsoft сака да го направи е да ги принуди корисниците да имаат онлајн сметка при инсталирање на оперативниот систем. Засега, единствената верзија на новиот систем што не се обидува да ги принуди корисниците да креираат Microsoft сметка на е Windows 11 Enterprise, но како што сега стојат работите, се сомневаме дека тоа ќе трае долго.
Во моментов, можно е да се заобиколи ова барање со внесување непостоечка адреса за е-пошта и лозинка, што ќе доведе до грешка. После тоа, корисникот може да кликне на копчето „следно“ и да креира локална сметка, но тоа веројатно брзо ќе биде отстранието.

Иако многу иритантен, овој потег на Microsoft не би требало да ги изненади корисниците. Кога последен пат сте го користеле вашиот смартфон, било да е тоа Android или iOS, без претходно да го поврзете на соодветната сметка за е-пошта?
Тоа е едноставно тренд во индустријата, а сите најголеми компании се стремат да создадат свој екосистем и да ги задржат своите клиенти во него. Apple е секако најпознат по ова, но ниту Google не заостанува, иако Android во принцип е оперативен систем со отворен код. Microsoft влезе најдоцна во оваа приказна, па може да ве изненади потребата од креирање на нивна сметка.
А тука се и корисниците на Windows кои се навикнати да имаат избор. Ни сите придобивки од креирањето Microsoft сметка, како достапноста на услугите како Your Phone, OneDrive и други, најверојатно нема да ги принуди да го променат мислењето. На нив им останува Linus, a ќе видиме дали овој потег на Microsoft ќе предизвика огромна лавина незадоволство или не.


