Контроверзната компанија со база на податоци поголема од 10 милијарди фотографии потпиша спогодба со која го укинува пристапот на својата технологија до компаниите и приватниците во САД.
Ова е историска одлука на судот во Чикаго: Clearview AI, компанија која развива и продава технологии за препознавање лица – чија голема база на податоци неодамна беше искористена за да се идентификуваат руските војници убиени во Украина, како и бунтовниците кои упаднаа во зградата на американскиот Капитол во 2021 година – повеќе нема да ја продава својата технологија на приватни компании во САД.
База на податоци со милијарди фотографии
Компанијата првпат се најде во центарот на вниманието во 2020 година кога беше хакирана нејзината база на податоци со милијарди слики на лица. Ова ги поттикна застапниците за приватност да го осудат деловниот модел на Clearview AI. Се заснова на собирање јавно достапни слики од социјалните мрежи за да се обучи неговиот софтвер за препознавање лице. Истиот софтвер подоцна беше продаден на различни агенции кои го користеа за да идентификуваат луѓе.
Спогодбата, која допрва треба да биде одобрена од окружниот судија во Чикаго, стави крај на најзначајната тужба до сега против Clearview AI. Тужбата беше поднесена пред две години од Американската унија за граѓански слободи и други групи за наводно прекршување на Законот за приватност на биометриските информации (BIPA) од 2008 година, кој им забранува на компаниите да споделуваат фотографии, отпечатоци од прсти и други биометриски податоци без согласност.
Стоп за приватни лица, а не за властите
Clearview AI ќе престане да продава пристап до својата база на податоци на приватни компании и поединци низ САД. Покрај тоа, компанијата нема да ја продава својата технологија за препознавање лица на кој било ентитет во Илиноис, вклучително и полицијата, во следните пет години.
Сепак, компанијата со седиште во Њујорк ќе продолжи да ги нуди своите услуги на федералните агенции: Службата за имиграција и царина и други агенции за спроведување на законот надвор од Илиноис.
Clearview AI, a controversial surveillance tech company, settled a nearly two-year-old lawsuit with the American Civil Liberties Union and other activist groups in Illinois. https://t.co/iB2tWhK4Dz
— Forbes (@Forbes) May 9, 2022
ACLU го тужеше Clearview во име на различни општествени групи: имигранти, сексуални работници и жртви на семејно насилство. Clearview се повика во судот на слободата на говорот, заштитена со Првиот амандман.
Основачот на компанијата Hoan Ton-That тврди дека алатката е непроценлива во борбата против криминалот и се продава само на агенциите за спроведување на законот. Cleariew AI тврди дека работи со повеќе од 3.000 такви агенции и е на добар пат да стави повеќе од 100 милијарди скенирања во својата база на податоци за една година.
Пример за другите
Тужбата во Илиноис е историска победа за застапниците за приватност на податоците, кои се надеваат на слични резултати во случаите во Калифорнија, Њујорк, Вермонт и Вирџинија. Други земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Канада, исто така започнаа свои истраги за употребата на приватните податоци на компанијата, а Европскиот парламент сака да ги забрани контроверзните технологии за вештачка интелигенција.
„Clearview повеќе не може да ги третира единствените биометриски идентификатори на луѓето како неограничен извор на приход, а другите држави треба да го следат примерот на Илиноис во донесувањето силни закони за приватност кога станува збор за биометриката“, велат задоволните обвинители. Имено, моментално не постојат федерални закони кои го ограничуваат развојот и примената на технологиите за препознавање лица во САД.


