Компанијата Google претстави голем број нови производи на својата Google I/O програмерска конференција, во обид да ја нападне доминацијата на Apple.
Значителната експанзија на сопствениот хардвер е нагласена со првиот брендиран паметен часовник, кој ќе натпреварува со популарнио Apple Watch. На својата годишна конференција за програмери I/O, гигантот за пребарување претстави и слушалки од висока класа, нови паметни телефони и својот прв таблет уред, откако излезе од категоријата пред три години.
Google Pixel Watch, за разлика од Apple Watch, има тркалезен екран кој ги имитира повеќето класични часовници. Уредот беше развиен првенствено од Fitbit, кој Google го купи во јануари 2021 година, и вклучува интеграција за следење на здравјето врз основа на софтверот Fitbit.
Google announces the Pixel Watch at I/O: https://t.co/U13qaJvnFq pic.twitter.com/2H7TYiFJlh
— The Verge (@verge) May 11, 2022
Часовникот на Google ќе работи со Wear OS оперативниот систем и ќе поддржува голем број функции како плаќање со допир, наоѓање насоки на Google Maps и примање известувања. Уредот биде контролиран од гласовниот асистент на Google и тактилната (чувствителна на допир) круна сместена бочно – слично на Apple Watch со дигиталниот асистент на Siri и неговата дигитална круна. Како и Apple, Google исто така ќе понуди и 4G верзија на часовникот. За разлика од останатите паметни часовници со Wear OS, Pixel Watch на Google нема да биде компатибилен со iPhone.
Пазарот на паметни часовници е прилично заситен, а Apple држи околу 30 проценти од продажбата. Samsung Electronics поседува 10 отсто, а остатокот од пазарот го делат Fitbit, Garmin и помалите кинески играчи како Huawei, според истражувачката компанија Counterpoint Research.
Во воведната презентација на I/O конференцијата на Google, компанијата истакна дека има намера да создаде поширок опсег на сопствени уреди наместо да се потпира на трети страни, како на пример Samsung, за користење на својот софтвер.