Американската вселенска агенција NASA ќе се здружи со поголеми сектори кои го користат потенцијалот на метаверс за создавање на VR сценарија за мисии на Марс.
Интересот за колонизација на Марс е зголемен, се наближува рокот кога компанијата SpaceX ќе испрати луѓе на Црвената планета, а NASA работи на тоа што подобро да ги подготви астронаутите за опстанок на Марс.
Минатата година се зборуваше за тоа дека NASA сака луѓето да минат време во „марсовско живеалиште“ креирано на Земјата за да учат за влијанијата на продолжениот престој во вонземска средина. Но, со оглед на фактот што не можат баш сите симулации да се извршат во реалниот живот, вселенската агенција решение ќе најде во метаверс.
Затоа, НАСА креира пет категории на Марсовски симулации како што се Set Up Camp, Scientific Research, Maintenance, Exploration и Blow Our Minds.. Последното е фокусирано на креативност и може да се користи за смислување најбизарни сценарија.
Потребно е пријавите да се извршат во рок од 80 дена, а за секоја категорија постојат до 4 награди. Предизвикот е отворен за сите кои сакаат да учествуваат.
Со користење на Unreal Engine, луѓето ќе настојуваат да изградат свои искуства кои ќе се користат во Mars XR Operations Support System.
Ова опкружување веќе има свет со терен како Марс, реалистично време, циклуси ден-ноќ. Гравитација како на Марс и слични содржини. Уникатните искуства ќе се градат на платформата, а на предизвикот се приклучија повеќе од 150 тимови од целиот свет.