Во текот на својата годишна I/O конференција за програмери, Google го најави јавното бета тестирање за Android 13, заедно со новите функции кои доаѓаат на мобилната платформа.
Со воведувањето на новиот Material You, Google им даде на корисниците повисоки нивоа на прилагодување во рамките на Android 12. Со најновата верзија на оперативниот систем, Google ќе им обезбеди на корисниците уште повеќе опции за прилагодување на нивните уреди.
We’re expanding our AI-powered phishing protections to more products. Soon, we’ll automatically alert you if we detect a suspicious link in Google Docs, Sheets or Slides — and then take you back to safety. #GoogleIO pic.twitter.com/WqzaxEDbG3
— Google (@Google) May 11, 2022
Една од новите алатки ќе им овозможи на корисниците да постават различен стандарден јазик за сите различни апликации на телефонот. Друга нова функција овозможува бојата да одговара на повеќе икони на почетниот екран, а не само со иконите на Google.
Android 13 ќе има и нова апликација Wallet, со опција за складирање лични податоци за идентификација на телефонот. Безбедноста и сигурноста беа и во фокусот на Google, а компанијата истакнува дека Android 13 ќе ја заштити приватноста на корисникот со автоматско бришење на „clipboard“ историјата.
Откако со години го занемаруваше ова, Google реши конечно да го опреми Android со одредени функции специфични за таблет уредите. На тој начин, Android 13 ќе добие нови можности за мултитаскинг на уредите со голем екран, вклучувајќи ажуриран таскбар со задачи и поделен приказ (split view).
Покрај обновениот фокус на софтверот, Google развива и нов таблет. Компанијата понуди краток преглед на таблетот Pixel кој се очекува во 2023 година.
We recently launched multisearch in the Google app, which lets you search by taking a photo and asking a question at the same time. Later this year, you'll be able to take a picture or screenshot and add "near me" to get local results. #GoogleIO pic.twitter.com/F2kl0m9nYt
— Google (@Google) May 11, 2022
За оние кои сакаат да го пробаат Android 13, втората бета верзија е достапна од вчера. Конечната верзија на платформата се очекува кон крајот на оваа година.