Јужнокорејскиот електронски гигант Samsung преговара со клиентите за да ги зголеми цените на чиповите оваа година за 20 проценти, јави Bloomberg.
Многу производители на чипови сакаат да ги зголемат цените за да ги покријат зголемените трошоци за материјали и логистика, пишува Блумберг повикувајќи се на извори. Јужнокорејската компанија е вториот најголем производител на чипови во светот, по Taiwan Semiconductor Manufacturing (TSMC).
Samsung при претставувањето на деловните резултати на крајот на април истакна дека побарувачката на големите клиенти е поголема од расположливите капацитети, оценувајќи дека состојбата нема да с е подобри во догледно време.