Новите графички картички, новите процесори, како и новите мемории се секогаш побрзи, подобри и помоќни од претходните. Во светот на новите технологии, напредокот е единствената константа (освен можеби во светот на мобилната телефонија оваа година). Сè ново мора да биде подобро. Така е и не може поинаку.
Понекогаш се појавуваат информации кои не воодушевуваат, а токму таков е случајот со најновите детали што ги пренесува порталот Techradar, а кои се однесуваат на можните перформанси на новата графичка картичка NVIDIA RTX 4090. Според првите неофицијални информации, перформанси се ветуваат двојно подобри, а можеби и малку повеќе, во споредба со актуелната генерација на премиум графички картички, NVIDIA RTX 3090 и 3090Ti.
Оваа информација дојде од познат инсајдер кој на социјалната мрежа Твитер се претставува како kopite7kimi, а кој зад себе има историја на добри информации, па големи се шансите веста да е вистинита.
It's quite simple to achieve 2x performance of RTX 3090.
Look forward to further optimization.— kopite7kimi (@kopite7kimi) May 11, 2022
Покрај тоа, овој корисник речиси повторно ги објави потенцијалните технички карактеристики на новата графичка картичка NVIDIA RTX 4090. Според неговите информации, очекуваме 24GB GDDR6X RAM со максимална пропусност од 21Gbps, додека потрошувачката ќе биде неверојатни 600W.
Изгледа дека одличните перформанси носат огромна потрошувачка на енергија, а напојувањата ќе мора да станат помоќни за да испорачаат врвни компјутерски компоненти. Засега сето ова е во доменот на теоријата, а единствен начин да се дојде до конкретни информации е да се чека официјалното претставување на новата серија графички картички NVIDIA.


